Бугарија одобри воена помош за Украина

од Nikola Popovski

Националното собрание на Бугарија со 175 гласа за, 49 против и еден воздржан го одобри предлогот поднесен од четири проевропски партии за испраќање воена помош на Украина. Бугарската влада сега има еден месец да одлучи каков вид оружје може да испрати Бугарија без да влијае на нејзините одбранбени способности.

Бугарија претходно се согласи да ја поправа украинската воена опрема во своите фабрики, но одби директно да испрати оружје поради противењето на претседателот Румен Радев и политичките партии пријателски настроени кон Москва.

„Повеќе оружје значи повеќе војна“, рече лидерот на бугарската Социјалистичка партија, објаснувајќи зошто пратениците на нејзината партија гласаа против предлогот.

Жестоката дебата пред гласањето ги покажаподелбите во Бугарија откако Русија ја нападна соседна Украина.

Иако земјата е членка на НАТО и ЕУ, многу Бугари имаат силни симпатии кон Русија кои се вкоренети во историјата, културата и религијата. Бугарија е исто така многу зависна од руските енергетски извори.

Проруската националистичка партија „Преродба“ ги повика приврзаниците да се соберат пред зградата на парламентот за да протестираат за воената помош за Украина, велејќи дека помошта „ја турка земјата во војна“.

Слични содржини