Бугарија доби преодна влада, нови вонредни избори на 9 јуни

од Сенада Ибраимова
178 прегледи

Бугарија доби преодна влада на чело со премиерот Димитар Главчев, а вонредните парламентарни избори се закажани за 9 јуни.

Народното собрание на вонредната седница ја инаугурираше 10. преодна влада во историјата на државата, а шеста во последните четири години. Тоа е и првата влада која по неодамнешните изменети уставни амандмани, положи заклетва пред парламентот, а не пред претседателот, пишува бугарскиот сајт „Новините“.

Претходно денеска бугарскиот претседател Румен Радев издаде указ за официјално именување на кабинет и закажување единствени избори за 9 јуни и за европскиот и за националниот парламент. На крајот на март претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) на бугарскиот претседател му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, кој тој им го врачи, со што се отвори патот за закажување вонредни парламентарни избори.

На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Континуирани промени“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент и нивните обиди да формираат влада претходно беа неуспешни.

Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но тие не формираа влада – мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.

Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков, кандидатот за премиер кој беше предложен од вториот најмоќен кандидат на 49. свикување на Народното собрание на сили – „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ („НП -ДБ“), но тој веднаш го врати мандатот.

Според бугарскиот устав, третиот мандат за состав на влада претседателот го доверува на една од другите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од седум дена. Доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.

Слични содржини