Бугарија дозволи прелет на рускиот авион: Панцир-С1 пристигнува во Србија

од Nikola Popovski

Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов го одобри летот преку бугарската територија на рускиот авион што ќе го испорача системот Панцир-С1 во Србија.

По одобрувањето од министерот за одбрана и во договор со Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникација, беше даден позитивен одговор во согласност со важечкиот закон за летот на рускиот авион што ќе го испрати противвоздушниот ракетен систем „Панцир1“, соопшти Министерството за надворешни работи, а пренесува бугарскиот портал „Новините“.

Атлантскиот совет на Бугарија вчера изрази загриженост дека, како што рекоа, Русија до крајот на оваа недела ќе ја снабдува Србија со првиот од шестте ракетни системи Панцир С1 и можноста таквата испорака да се изврши преку воздушниот простор на Бугарија.

Оваа организација, како што објавија на „Фејсбук“, исто така прашува дали е научена лекцијата за, како што велат, стратешката грешка кога руските противвоздушни системи С-400 се пропуштени во Србија во 2019 година, предупредувајќи дека таквата грешка не смее да се повтори.

По посетата на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу на Белград, белградските медиуми објавија дека првата испорака на шесте системи за противвоздушна одбрана нарачана од Русија треба да биде завршена до крајот на неделава.

 

Слични содржини