Бугарија: Двајца пратеници влегле со заштитна медицинска опрема во Собранието (видео)

од Nikola Popovski

Пратениците на бугарската партија „Волја“, Веселин Марески и Кристина Таскова се појавиле во бугарското Собрание на пленарна серија во целосна карантинска опрема со заштитни костуми, објави сајтот БГНЕС.

Ова ги натерало пратениците на БСП да се спротивстават и побарале од Претседателката на Собранието двајцата нивни колеги да бидат отстранети од седницата и Собранието да прекине со работата, бидејќи дополнително ја правеле стресна ситуацијата.

„Сите санитарни мерки се преземаат во парламентот, сите пратеници се со маски, а собранието се дезинфинцира на секој час. Правам се што можам, но не можам да ја за запрам работата на бугарскиот Парламент”, рече претседателот на парламентот, Цвета Караjанчева.

фото: БГНЕС

Слични содржини