Бугарија ги затвори границите за лицата што доаѓаат од Грузија, Малта и Андора

од Nikola Popovski

Бугарија од денес ги затвора своите граници за патниците што доаѓаат од Малта, Андора и Грузија. Нивниот влез е ограничен поради влошената епидемиолошка состојба во овие земји.

Ова е друга група на земји чии граѓани не можат повеќе да влегуваат во Бугарија. Ваквото ограничување веќе се однесува на жителите од Обединетото Кралство, Шпанија, Кипар и други земји.

Мерките не се однесуваат на бугарските граѓани и нивните семејства кои влегуваат од овие земји и тие мора да покажат негативен ПЦР тест на КОВИД-19, без оглед дали биле вакцинирани или не.

Слични содржини