Бугарија го чека претседателот на македонскиот парламент за да го ратификува Протоколот за НАТО

од Vlatko K

Претседателот на македонскиот парламент, Талат Џафери, ќе присуствува на гласањето во Бугарското национално собрание за Протоколот за членство на неговата земја во НАТО, објави   БГНЕС.

На 15 февруари Парламентарниот комитет за одбрана го одобри Протоколот. 

Гласањето се очекува  да биде во среда . 

“Пред 27 години Бугарија прва безусловно  ја призна Македонија под нејзиното уставно име и како самостојна и независна држава. Бугарија ги  убеди и Турција и Русија, исто така, да ја признаат нејзината независност.

Најодговорно изјавуваме дека Северна Македонија може да смета на целосната ни поддршка и помош за целосното нејзиното пристапување кон НАТО “, изјави претседателот на комисијата за одбрана ген. Константин Попов по ратификација  на протоколот ,од Комисијата за одбрана за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

Членството на Македонија во Алијансата стана возможно благодарение на решавањето на спорот за името на земјата и конечната ратификација на Преспанското договор од страна на Грција. Северна Македонија стана 30-та членка на Пактот.

Слични содржини