Бугарија го одложува воведувањето на еврото

од Vladimir Zorba

Гувернерот на бугарската Централна банка, Димитар Радев, рече дека неговата земја ќе го одложи процесот на пристапување во еврозоната до следната година. Tој потенцира дека временските рамки за влез во банкарската унија и механизмот на девизниот курс не се повеќе реални.

Владата претходно соопшти дека Бугарија сака да влезе во двегодишен процес што води кон еврозоната, наречена ERM II, во јули оваа година. Владата се надеваше дека брзото влегување во еврозоната ќе гарантира на Бугарија подлабока интеграција во ЕУ.

Радев рече дека одложувањето до 2021 година нема да биде “фатално“. Тој, сепак, предупреди дека земјата не треба да чека за нов циклус на влез во монетарната унија, како што тоа го стори за време на глобалната финансиска криза 2008-2009 година.

Слични содржини