Бугарија и Македонија мора да ги решат отворените прашања, потенцира Вархеји

од Nikola Popovski

Македонија и Албанија постигнаа многу на полето на реформите и Брисел ги поддржува нивните напори, но доцнењето на нивната евроинтеграција влијае на довербата кон ЕУ во Западен Балкан, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Софискиот Балкански форум насловен „Време е да се врати довербата“.

Според него, Бугарија и Македонија мора да ги решат отворените прашања и наскоро да започнат преговорите со Скопје и Тирана.

-Шеесет и пет отсто од економијата на Западен Балкан е поврзани со ЕУ, што ја покажува нивната логична ориентација. Сите треба да се однесуваат кон земјите од Западен Балкан, не како кон кандидати, туку како кон држави-членки на ЕУ. Следната година Брисел во регионот ќе инвестира 30 милијарди евра, што е една третина од БДП на Западен Балкан, рече Вархеји.

Слични содржини