Бугарија ќе го признае македонскиот јазик во Договорот за добрососедство?

од desk3
141 прегледи
На денешната прес-конференција по средбата со новиот македонски премиер, бугарскиот премиер изјави дека двете страни се “сосема блиску” до конечното потпишување на Договорот за добрососедство. Предметниот договор “тежи” во односите меѓу Софија и Скопје години наназад  поради многуте нерешливи прашања за кои не може да се постигне консензус. Досега администрацијата на долгогодишниот македонски премиер Никола Груевски не демонстрира особена волја за решавање на овие проблеми. Денес сепак Зоран Заев даде оптимистички сигнали. Интересен момент беше изјавата на премиерот Борисов, кој ј навести можноста за решавање на т.н.. “јазичен спор” помеѓу Бугарија и Македонија. 
Откако Македонија ја прогласи независност од Југославија, Бугарија е првата земја која ја признава. Ова се случи во 1992 година и тогаш официјална Софија  безусловно ја призна Република Македонија како независна и суверена, со официјалното име “Република Македонија” . Потоа,  избувна спор за името со Грција, некои бугарски државници зборуваа дека “Македонија” е и географски дел од Бугарија, но признавањето на името е веќе факт. Нестандарден е сепак текстот на предметниот признавање. За Бугарија практично територијалниот субјект – државата и соседниот нејзин народ  се едно и исто нешто. Затоа македонската нација и македонскиот јазик не се признати од Бугарија. Официјална Софија стои зад тезата дека таканаречениот “македонски јазик” претставува писмена регионална форма на бугарскиот јазик, бидејќи се гради врз основа на бугарски зборуваи. Пробивот во однос на преговорите за јазикот е направен во 1999 година, кога тогашниот премиер Иван Костов го признава правото на Република Македонија да се служи со официјалниот јазик. Тоа практично го внесува јазикот во строго географски поими – тој е географски ограничен само за територијата на Република Македонија. По правило, сепак, формулацијата која Бугарија ја користи за македонскиот јазик, е “официјален државен јазик” или “официјален јазик на државата”. Така веќе две децении Бугарија  признава само една географска територија, но не и нејзината нација и посебен јазик .
Тоа, логично, го загрижува Скопје и претставува сериозен проблем пред потпишувањето на Договорот за добрососедство. Затоа не беше изненадувачко прашањето од македонските новинари на денешната прес-конференција. дали Бугарија има проблем со македонскиот јазик и дали договорот ќе биде потпишан на македонски и бугарски јазик или “нешто друго”.
“Постојат зборови кои би можеле да имаат различно толкување. Ние, како држава, први сме ја признале Република Македонија. Во Уставот на Република Македонија е кажано каков јазик има оваа држава. Соодветно, договорот треба да го потпише на јазикот кој е напишан во нејзината устав. Затоа сега сметам дека кога  министрите за надворешни работи ќе поминат на последното прегледување на документот, тогаш ќе донесеме одлука ” , одговори бугарскиот премиер. Зборовите на Борисов можат да се разберат како сигнали во две насоки. Прво, до денес Бугарија стои на позициите за непризнавање на македонскиот јазик. Борисов внимателно ги одбираше зборовите и не го употреби зборот “македонски јазик”, продолжувајќи ја официјалната државна политика по ова прашање. Од друга страна , тој посочи на праксате за можност по конечното прегледување на документот и билатералните преговори да биде донесена некаква одлука.
Тоа би можело да е сигнал за решавање на јазичниот спор и признавање на македонскиот јазик – невиден историски потег во билатералните односи. Дали Бугарија ќе го признае македонскиот јазик и нација се позиции, засега само во сферата на шпекулациите, бидејќи Договорот за добрососедство е особено таен документ, чија содржина или проект никогаш не биле јавно објавени . Во годините биле откриени спорадични делови од него, кои сепак не е јасно дали се актуелни и во каква форма се развиени во практичниот договор. Така на пример европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев објавил информации за некои од конфликтните теми во договорот. Според него еден од неприфатливите моменти за македонската страна е текстот дека македонскиот Устав не претставува закана за Бугарија , што не би било точно ако се земе во предвид  нејзиниот дел, според која Република Македонија се грижи за своите граѓани во соседните земји и за нивните права. А одамнешна борба на Скопје е признавањето на македонското малцинство во Бугарија – нешто што Софија категорично одбива да го прифати. Друга невралгична тема е заедничката прослава на настани и личности од заедничката историја на двете земји, за што сепак Заев денес направи големи отстапки, велејќи јасно дека има желба Македонија и Бугарија да ги слават заедничките празници заедно. И природно, прашањето на каков јазик ќе биде потпишан документот , мислејќи на јазичниот спор. Со промената на власта во Скопје изгледа дека македонската страна е подготвена на отстапки за да стане Договорот за добрососедство конечно факт. Останува прашањето какви остапки ќе направи Бугарија и ќе ги повлече ли конечно сите  претензии кон својот западен сосед.

Слични содржини