Бугарија ќе испрати помош за гаснење на пожарите во Кочани

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски доцна синоќа објави дека разговарал со неговиот бугарски колега Румен Радев околу ситуацијата со пожарот во Кочани, за соседна Бугарија да помогне со огнената стихија во земјава.

-Доцна вечерва имав телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Договорено е во најкус можен рок, Бугарија да испрати противпожарни единици кои ќе помогнат на нашите екипи во гасење на пожарите, информира Пендаровски.

Тој исто така соопшти дека синоќа на предлог на Генералштабот на армијата, а по анализа на состојбите наредил да се прогласи тревога на целокупниот состав на армијата за справување со елементарни непогоди.

-Ова е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата. Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на армијата е во тек, истакна Пендаровски на Фејсбук.

Слични содржини