Бугарија: На руските дипломати им се врачени ноти дека се непосакувани

од Aleksandar Petrovski

Бугарските власти прогласија двајца руски дипомати за „персони нон грата“, а на рускиот амбасадор во Софија му се врачени ноти во бугарското Министерство за надворешни работи.

– Рускиот амбасадор во Бугарија е повикан во бугарското МНР, каде му се врачени ноти, со кои дипломат на амбасадата и службеник во трговската мисија се прогласуваат за „персони нон грата“ согласно Виенската конвенција, наведува руската амбасада во Софија, оценувајќи дека тоа е направено без приложени докази, кои би потврдиле дека нивните активности не биле согласно нивниот статус.

Од руската амбасада порачуваат дека Москва има право да преземе реципрочни мерки.

Засега не е познато до кога руските дипломати треба да ја напуштат Бугарија.

Претходно денеска, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека нејзината земја веројатно ќе протера двајца руски дипломата поради обвинение дека шпионирале. Обвинителството соопшти дека Русите биле вклучени во шпионажа, но поради дипломатскиот имунитет не може да им се суди.

Слични содржини