Бугарија очекува Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани, вели Радев

од Берта Китинска

Евроинтеграцијата на земјите од Западниот Балкан беше главна тема на телефонскиот разговор на претседателот на Бугарија, Румен Радев со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер, соопшти Прес-службата на шефот на бугарската држава.

Во разговорот Радев посочил дека во интерес на стабилноста на Обединета Европа е секоја земја кандидат за членство во ЕУ да ги почитува европските вредности поврзани со правата на своите граѓани, при што нагласил дека Бугарија очекува категорични резултати од Република Македонија по ова прашање, пред да даде согласност за почеток на преговорите со Унијата.

Радиев ја потврдил и поддршката на Бугарија за почеток на преговарачкиот процес за членство на Албанија во ЕУ, по, како што нагласил, сериозните реформи на земјата во судството, економијата и заштитата на националните малцинства.

Слични содржини