Бугарија собори нов рекорд на новозаболени од корона

од Milan1

Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 6.813 нови случаи на коронавирус, што е највисоко дневно салдо од почетокот на пандемијата, откако во вторникот беше регистриран рекорден број нови инфекции и смртни случаи.

Како последица на инфекцијата починале 124 лица, што е намалување во однос на претходниот ден кога беа пријавени 243 смртни случаи.

Во претходниот ден се пријавени 5.863 нови случаи, јавува Танјуг.

Во болниците  има хоспитализирани 7.300 пациенти, а од 700 места на интензивна нега низ земјата, 608 се зафатени.

Соочена со растечките инфекции и најбавната вакцинација меѓу земјите на ЕУ, Бугарија, со население од седум милиони и 23.440 смртни случаи од ковид од почетокот на пандемијата, воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни простори.

Новите ограничувања предизвикаа протести, при што некои политички партии ја обвинуваат преодната влада дека не успеала да управува со пандемијата.

Бројот на вакцинирани, од само 24 отсто кај возрасната популација, во споредба со просекот на ЕУ од 74 отсто, е зголемен од минатиот четврток, кога властите го ограничија пристапот до ресторани, кина и спортски сали, меѓу другото, за оние кои биле имунизирани или имаат негативен тест за Ковид-19.

Слични содржини