Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, најави дека од утре, во земјата ќе се воведат нови мерки во борбата против епидемијата на ковид-19.

За сите собири со луѓе во затворен простор ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен ПЦР тест.  Нема да биде потребен таков сертификат за самопослугите, банките и аптеките Сертификат нема да биде потребен и за деца под 12 -годишна возраст.

-Сите бизниси кои не сакаат да го прифатат овој метод, едноставно нема да работат, изјави министерот Кацаров.

Сертификатите стануваат задолжителни за вработените во домовите за стари лица, центрите за дијализа и болниците во Бугарија.

Кацаров најави дека покрај тоа што ќе се контролираат местата, ќе се контролираат и лабораториите што издаваат потврди за вакцинација.

-Доколку се најде лажен сертификат, ќе ја одземеме лиценцата за лабораторијата што ја издала, рече Кацаров.

Слични содржини