Бугарите од Македонија: Во македонската полиција и војска нема наши граѓани, изолирани сме

од Nikola Popovski

Ова е историска средба. Моментот е историски. Сите овде ќе ги браниме нашите бугарски традиции, никогаш нема да отстапиме од нив. Бугарите во Република Северна Македонија имаат право на самоопределување, велат претставниците на бугарските организации во Македонија на средбата со бугарскиот претседател, Румен Радев.

Според нив, во македонската полиција, војска, владини служби и универзитети нема Бугари.

-Бугарите се изолирани, никогаш не го достигнале нивото на лидери. Во РС Македонија има најмалку 10 медиуми, субвенционирани од српските партии, тоа се факти. Медиумската војна е страшна, нема бугарско радио и медиуми, со исклучок на Трибуна.мк на Атанас Величков, додава новинарот Владимир Перев, кој е дел од бугарските претставници.

Според нив, односите никогаш не биле добри, но во моментов тие се нејасни.

-Мораме да излеземе од глувчешките дупки за да ја кажеме вистината и да се бориме за неа со поддршка на Бугарија. Сакаме да падне оваа вештачка граница меѓу Бугарија и РСМ, велат Бугарите од Македонија.

Во делегацијата се претставници на Политичката партија Граѓанско-демократски сојуз (ГДС), на здруженијата „Иван Михаилов“ – Битола „Трибина“ -Прилеп, „Македонско бугарско пријателство“ – Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид, „Единство“ – Кочани.

Слични содржини