Бугарите во С. Македонија ќе можат да гласаат и во Охрид, Штип и Струмица

од Nikola Popovski

Во врска со претстојните парламентарни избори во Бугарија на 4 април 2021 година, нашето Министерство за надворешни работи се согласило, освен во бугарската амбасада во Скопје и Генералниот конзулат во Битола, да може да се гласа и во Охрид, Штип и Струмица, соопшти денес Бугарското министерство за надворешни работи.

Македонското министерство за надворешни работи на земјата потсетува дека за време на изборите треба да се следат препораките на Министерството за здравство на Република Северна Македонија и на локалната Комисија за заразни болести, да се внимава на растојанието од најмалку два метра и да се носи соодветни заштитни средства.

Слични содржини