Бугарите во С. Македонија се жалат на повреди на нивната права: Радев свика состанок на безбедносните служби

од Nikola Popovski

„Преземање навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани во странство, кога тие се нападнати само поради нивната национална самосвест, било разгледано од претседателот Румен Радев на средба со шефовите на безбедносните служби. На неа учествувала и потпретседателката Илиана Јотова“, објави прес-службата на шефот на државата.

Според информациите, причината за состанокот било писмо од Центарот за култура „Иван Михаилов“ – Битола, „како и сигнали од нивни сонародници од С. Македонија, за чести повреди на нивните права само поради фактот што тие се идентификуваат себеси како етнички Бугари“.

Бугарските медиуми пишуваат дека од претседателската канцеларија не соопштиле какви мерки ќе се преземат. Но минатата недела претседателот Радев го покрена ова прашање и ја повика владата да преземе мерки против „дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Северна Македонија“.

Минатата недела Радев коментираше дека „Бугарите во Република Северна Македонија мора да имаат еднакви права со оние на другите граѓани во земјата во согласност со највисоките светски и европски стандарди“.

Слични содржини