Бугарската амбасада донираше пакетчиња и училишен прибор за здружението „Во мој свет“

Бугарската амбасада во С.Македонија соопшти дека во рамките на проектот „Бугарски божиќни празници“, кој е организиран од Министерството за надворешни работи, денес се донирани 185 божиќни пакетчиња и училиштен прибор наменети за здружението „Во мој свет“.

Амбасада во своето соопштение нагласува дека донираните пакетчиња се наменети за штитениците од Центарот за деца со нарушувања на аутистичниот спектар во Охрид, СОС Детското село во Скопје и Сојузот на слепи лица.

„Донацијата беше доставена од бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билијана Ангелова со строго почитување на рестриктивните мерки воведено за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19“, се вели во соопштението.

Слични содржини