Бугарската амбасада за Гоце Делчев: Револуционерот ќе остане светол симбол на заедничката историја на Македонија и Бугарија

од Nikola Popovski

Претставниците на бугарската амбасада во Македонија ја одбележеаа 118-годишнината од смртта на бугарскиот револуционер Гоце Делчев на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

„Амбасадорот во Скопје, Ангел Ангелов, положи венец на гробот на Гоце Делчев, во согласност со мерките за безбедност во пандемија. Во својот говор тој истакнал дека „славниот бугарски револуционер Гоце Делчев го дал својот живот за слободата на своите браќа. Гоце Делчев ќе остане, и покрај сите перипетии на нашата тешка судбина, светол симбол на несебична жртва, интегритет, заедничка историја и заедничка европска иднина на Бугарија и Република Северна Македонија“, стои во соопштението на бугарската амбасада.

На гробот на Делчев во црквата Св.Спас изутрината беа испратени делегации од претседателскиот кабинет и од Собранието. Истовремено, венци со цвеќиња положи и владина делегација.

Политичките лидери решија да ги споделат своите видувања на Фејсбук. За Заев, Делчев е инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација, додека, пак Мицкоски, Делчев е огледало на владиниот недостаток на морал, патриотизам и љубов кон Македонија.

Слични содржини