Бугарски аналитичар: Ќе има решение меѓу Софија и Скопје, но не во моментов

од Nikola Popovski

Решение меѓу Софија и Скопје ќе се најде, но не за време на француското претседателство со Советот на Европската унија, предвидува бугарскиот новинар и аналитичар Костадин Филипов во интервју за бугарските медиуми.

„Мораме да ја следиме линија што Бугарија досега ја следеше во однос на С. Македонија. Не смееме да ја напуштиме нашата позиција. Стратешки местото на Република Северна Македонија е во Европската Унија, но во исто време мора да се грижиме да ги заштитиме нашите национални интереси.„Толку пати сме ги ставиле нашите интереси на маса, толку пати сме ги коментирале што ни е доста да го повторуваме истото. Нема алтернатива за членството на Северна Македонија во Европската унија, но под одредени услови“, потенцирал Филипов.

„Се појави нов геополитички контекст, во кој темпото е забрзано, зголемена е динамиката на желбата на Република Северна Македонија за почеток на преговарачкиот процес за членство, но од ноември 2020 година речиси ништо не е направено од нивна“, додал Филипов.

Слични содржини