Бугарски член на мешовитата комисија: Софија нема ресурси да ја блокира Македонија според „грчкото сценарио“

од Nikola Popovski

„Бугарија нема ниту ресурси ниту стратегија за блокирање на С. Македонија според грчкото сценарио“, вели во интервју за Спутник, бугарскиот професор по историја Иван Илчев, професор по историја и член на бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања.

На прашањето дали мисли дека Бугарија сепак ќе успее да инсистира на нејзиното гледиште, како Грција, тој вели дека тоа нема да се случи.

„Нема долгорочна стратегија, нема ресурси. Во самото бугарско општество, сентименталните расположенија на оние кои ги сметаат граѓаните на С. Македонија за браќа се многу силни, заборавајќи дека тие не сакаат да бидат браќа со нив. Не земајќи предвид дека веројатно до 25% од населението во соседната земја се Албанци, Турци и Роми“, вели Илчев.

Тој потенцира дека комисијата не си поставила задача за „решавање на спорови“.

„Имаме дискусии и дојдовме до заклучоци што веројатно нема да им се допаднат на многумина. Но, без оглед на нашите заклучоци, доколку тие не бидат материјализирани во учебниците и доколку не се рефлектираат во јавната атмосфера, како што е предвидено со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година меѓу Софија и Скопје, ќе остане само оружјето со кое ќе се борат политичарите“, смета Илчев.

Професорот го потврдува ставот на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева дека Скопје не се откажало од „методите на дејствување на Тито“.

„Причината за тоа не лежи дури и во некакво вродено антибугарско чувство, туку во фактот дека во текот на последните децении е создадена политичка, економска и културна елита во Скопје, која се чувствува повеќе поврзана со Србија отколку со Бугарија. Покрај тоа, нема значителен економски интерес за развој на односите со Бугарија … Не треба да се очекуваат радикални промени. И во Македонија има влијателни политички кругови кои, по веројатното влегување во Европската Унија, ќе започнат да инсистираат на постоење на македонско малцинство во Бугарија. Општо земено, за Бугарија, Македонија го нема значењето што Бугарија го има во главите на многу политичари во Скопје“, заклучува Илчев.

Слични содржини