Бугарски дипломат: С. Македонија стана патека за патриотски натпревар меѓу нашите политичари

од Nikola Popovski

„Единствениот позитивен факт во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија е дека има дијалог“, изјави за „БНТ“, дипломатот Љубомир Ќучуков, додавајќи дека нема друга опција освен да се преговара за договор, односно дека без разговори, ништо нема да се постигне.

Според него, Бугарија дејствува спротивно на нивните сопствени интереси.

„Зборуваме за говор на омраза, но го игнорираме исходот од нашите постапки кон Скопје. Од една страна велиме дека не ни е гајле што мислат Македонците за нас, а од друга страна се спротивставуваме на она што се зборува и пишува таму. Во моментов работиме во корист на македонизмот, разделувајќи ги двете земји“, нагласи дипломатот.

За него, на политичко поле, целата ситуација со С. Македонија стана патека за натпревар за патриотизам.

„Не е јасно какви активности треба да преземе Бугарија отсега“, вели Ќучуков, истакнувајќи дека е логично да има анекс на Договорот за соседство меѓу Бугарија и Северна Македонија или нов договор.

Слични содржини