Бугарски историчар ќе издаде „бела книга за кршењето на правата“ на Бугарите во Македонија

од Nikola Popovski

Историчарот и член на Институтот за население и човечки студии при Бугарската академија на науките, д-р Спас Ташев најавува објавување на „бела книга“ за човековите права на Бугарите во Северна Македонија, која треба да биде преведена на неколку европски јазици. Според него, „целта е партнерите на Бугарија да бидат свесни дека се кршат правата на Бугарите во Северна Македонија“.

-Нашиот сосед сака да им го одземе правото на Бугарите на нивното историско минато. Бугарија нема стратегија за Северна Македонија, изјавил Ташев за бугарска „Нова“.

Тој нагласил дека проактивна политика од страна на Бугарија значи барање истомисленици меѓу европските сојузници и НАТО.

-Бугарија мора да ги открие механизмите кои ја туркаат Северна Македонија кон катастрофа и кон Белград, а знаеме која голема сила стои зад Белград, рекол историчарот.

Ташев бил категоричен дека Бугарија нема активна политика за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија.

Слични содржини