Бугарски историчар: Македонија ги повлекува тенковите, сега можеме да спиеме мирно

од Nikola Popovski

Сега можеме да бидеме мирни, бидејќи Скопје нема територијални претензии кон Бугарија, сега ќе бидат повлечени сите македонски тенкови на нашата граница и нема да има опасност за Бугарија, со шеговит тон, бугарскиот историчар и професор Николај Овчаров за „БНР“ ги коментираше резултатите од средбата на премиерите на Бугарија и Македонија.

Овчаров смета дека Петков не требало прв да ја посети Македонија, туку Ковачевски требало да замине за Софија.

Според него, С. Македонија не може да има територијални претензии, но има претензии кон Бугарите во Пиринска Македонија.

Проф. Овчаров почетокот на дијалогот меѓу двете земји го оцени како добра работа, но е дециден дека не треба да се прават компромиси во однос на нивната историја.

-Не ми остави добар впечаток што темата историја е ставена во втор план. Нема да помине без темата историја, тоа е сигурно, смета историчарот.

Фото: bTV

Слични содржини