Бугарски медиум: Партијата на Петков не сака да чуе за Македонија до Нова година

од Nikola Popovski

Извршниот одбор на партијата на бугарскиот премиер Кирил Петков „Продолжуваме со промените“ донесе цврста одлука да ја замрзне темата околу Северна Македонија и ветото барем до Нова година и покрај огромниот притисок од факторите на ЕУ за брза деблокада, пишува бугарскиот медиум „Марица“.

Како што се додава во текстот, „бугарската влада е свесна дека какви било самостојни одлуки, различно од веќе потпишаното и Резолуцијата во Собранието ќе доведат до пад на Кабинетот на Петков“.

-Кирил Петков веќе ги известил европските власти за одлуката и покрај тоа што Бугарија ќе ја стави во непријатна позиција во однос на внатрешните преговори за гасот и нафтата. Владеачката партија ги повикала македонските власти брзо да ги расчистат контроверзните прашања, при што ЕУ вети дека ќе изврши максимален притисок врз Скопје по ова прашање, пишува „Марица“.

Понатаму во текстот стои дека „Европа и САД брзаат да ги внесат Македонија и Албанија во Европската унија, загрижени за влијанието на Русија и Путин во овој регион, поттикнувајќи ги старите непријателства на линијата Скопје-Тирана-Косово-Белград“.

Слични содржини