Бугарски медиуми: Човечка грешка е причина за превртувањето на автобусот со деца од Србија

од Stefanija Kuzmanovska

Водечката верзија за несреќата во која српскиот автобус се преврте на автопатот Тракија во Бугарија е човечка грешка. Засега не е констатирана техничка неисправност на возилото што ја предизвикало несреќата. Ова за БТВ го соопшти заменик главниот обвинител Борислав Сарафов.

Тој прецизира дека се разгледувала и можноста за појава на нерамнини на коловозот, кои можеби довеле до несреќата. Сепак, според него, на патот не биле пронајдени дупки или други пречки.

И министерот за регионален развој Иван Шишков за БНТ потврди дека на оваа делница од автопатот нема нерамнини на патот.

Тој не бил еден од проблематичните, каде што се случуваат многу сообраќајки, пренесува „Дневник.бг“.

„Во текот на денешниот ден возачот најверојатно ќе биде приведен како обвинет, но тоа е одлука што ќе ја донесе обвинителството во Стара Загора“, изјави Сарафов, кој бил на местото на несреќата.

На возачот на автобусот веќе му е одредено задржување од 24 часа до одредување на притвор.

Слични содржини