Бугарски министер: „Има изгледи за подобрување на односите со С. Македонија“

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, смета дека постои шанса да се решат проблемите со Северна Македонија, кои траат со децении, но не биле третирани сериозно.

„Сега имаме механизам за нивно решавање. Станува збор за т.н. француски предлог. Пред нас има широко поле за продолжување на работата и за расчистување на сите спорни прашања“, навел Милков.

Тој истакнал дека има изгледи за подобрување на односите со Северна Македонија.

Според Милков, „вознемиреност буди однесувањето на опозицијата, која ги користи ставовите на населението за различни цели“. Оцени дека „европското минато е поврзано со отфрлање на голем број пропагандни клишеа и секоја земја пред да влезе во ЕУ мора да се раздели со некои од лажните парадигми со кои се третирал историскиот процес“.

Слични содржини