Бугарски рокер колабирал и починал на сцена!

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ. Маричков беше фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарската рок група „Штурците“.

За време на настапот Кирил Маричков паднал од бина и удрил со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Бугарската рок легенда на 30 октомври наполни 80 години.

Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот. Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена.

Брзата помош пристигнала за 7 минути, а како што се наведува Маричков починал при реанимација.

Првите чекори на Кирил Маричков во музичкиот свет беа со бендот „Бъндараците“, во кој свиреше на бас гитара.

Во 1967 година, откако „Бъндараците“ се распаднаа, Маричков и тапанарот Петар Цанков ги основаа „Штурците“ Кирил Маричков го постигна својот најголем успех како музичар и изведувач со групата „Штурците“, која стана легенда на бугарскиот рок.

„Штурците“ се смета за една од највлијателните бугарски рок групи во 20 век.

Слични содржини