Бугарски вештак: Доколку се докаже дека патот е проблем, Софија ќе мора да плати огромна оштета на Скопје

од Nikola Popovski

Побаравме од меѓународна компанија да ја провери состојбата на патиштата на автопатот Струма, вели Богдан Милчев од Институтот за безбедност на патиштата за бугарската „БТВ“.

Според него, вистината за несреќата е заложник на бугарско-македонските односи, па затоа е избран меѓународен ревизор.

-Обвинителството сака изненадувачки брзо да го затвори овој случај, а уште од првите часови на несреќата ни беше кажано дека вината е на возачот. Возачот не може да се брани, па случајот брзо ќе заврши, додаде Милчев.

-Во најбрз можен рок ќе се исплати обештетувањето на роднините на загинатите, а така ќе има мир во целото општество, вели тој и потенцирадека доколку се докаже дека патот е проблем, бугарската страна ќе мора да ѝ плати огромна оштета на Македонија.

За Милчев, документот докажува дека овие заштитни огради биле оштетени од претходни несреќи и дека по претходни несреќи биле поправени и погрешно поставени.

-Ако беа правилно поставени, ќе го задржеа автобусот и ќе му ја сменеа траекторијата без тој да падне во стапицата на заштитната ограда. Жртвите не се од несреќата, туку поради замката на заштитната ограда, која наместо да го заштити автобусот, го оштетила. Недостасува знак кој требало да го извести возачот дека следува таков свиок. Два месеци претходно Управата за патишта констатирала дека таков знак нема и реагирала. На патиштата кај нас недостигаат над 400 знаци, но министерот за регионален развој молчи, а обвинителството одбива да го истражи сето ова, изјави експертот, а пренес БГНЕС.

Слични содржини