Бугарскиот МВР и неговиот заменик ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев

од Nikola Popovski

Официјална делегација од Република Бугарија, предводена од заменик-претседателот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, утре заедно со заменик-министерот Венцислав Катинов ќе положат венец и ќе оддаде почит на гробот на Гоца Делчев во Скопје. Ова вечерва го обелодени Министерството за надворешни работи на Бугарија.

-Во согласност со дипломатската пракса, бугарската амбасада во Скопје официјално ги известила своите претставници во Северна Македонија со три вербални ноти – една од 2 февруари и две од 3 февруари, појаснуваат од бугарското МНР.

-Министерствата за внатрешни работи на Бугарија и на Република Северна Македонија се во постојан контакт, како и Амбасадата на Република Бугарија во Скопје со Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, додаваат од таму.

-Очекуваме Република Северна Македонија да обезбеди непречен пристап до црквата Св. Спас“, каде е гробот на Гоце Делчев, како и на официјалната бугарска делегација, како и на Бугарите од Бугарија и Северна Македонија кои сакаат да му оддадат почит, бараат од бугарското МНР.

Тамошното Министерство за внатрешни работи претходно информирало дека Демерџиев и Катинов ќе пристигнат во Скопје.

Слични содржини