Бугарските власти истражуваат: Софиската Норта Глобал ЛТД ја олеснила продажбата на пејџерите на Хезболах?

од Илинка Илиоска
30 прегледи

Бугарската БТВ објави дека 1,6 милиони евра поврзани со смртоносните пејџери експлозии во Либан поминале низ Бугарија и биле префрлени во Унгарија.

Телевизијата се повикува на извори во Државната агенција за национална безбедност, пренесуваат израелските медиуми согласно извештаите на агенцијата.

Бугарските власти соопштија дека МВР и Службата за државна безбедност покренале истрага за можна поврзаност со таа трансакција на неименувана компанија.

Локалните медиуми објавија дека софиската Норта Глобал ЛТД ја олеснила продажбата на пејџери на либански Хезболах.

Во средата, 25 лица загинаа, а повеќе од 600 беа повредени во експлозии на пејџер.

Еден ден претходно, 12 загинаа, а повеќе од 2.800 луѓе беа ранети во експлозии на мобилни телефони на членови на Хезболах на места кои се сметаат за упоришта на проиранскиот шиитски Хезболах.

Слични содржини