Бугарско МНР: Условите за меѓувладина конференција со Скопје не се исполнети

од Берта Китинска

Условите за одржување на меѓувладина конференција со Република Северна Македонија не се исполнети – ова го соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Советот на министри ја одобри позицијата на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи што ќе се одржи на 22 јуни во Луксембург.

Министерството за надворешни работи нагласува дека позицијата на Бугарија во однос на рамката за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија останува непроменета.

„Рамката за преговори треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кои во моментов не се достапни. Во исто време, Бугарија останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање на прагматичен и конструктивен дијалог“, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Слични содржини