Бугарското МНР евакуира 200 лица од Украина, меѓу нив има и Македонци

од Nikola Popovski

Околу 200 лица со 4 автобуси и автомобили на бугарската амбасада во Киев се движат кон границата со Романија, изјави вечерва бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска.

Меѓу евакуираните има Бугари, Украинци, Американци, како и државјани на Македонија и Грузија. Целиот персонал на бугарската амбасада во Киев патува со нив.

„Целиот персонал на бугарскиот генерален конзулат во Одеса е повлечен и патува за Бугарија. Денеска од Одеса тргнаа два автобуси и автомобили. Луѓето во автобусите и автомобилите се 130 лица. Каде и да поминуваат, ќе бидат придружувани со полициска придружба. Редовната автобуска линија од Одеса до Варна продолжува да работи во случај да има сонародници кои сакаат да ја искористат оваа можност за евакуација“, рече министерката, објави БНР.

Бугарскиот премиер Кирил Петков се заблагодари на бугарското Министерство за надворешни работи и лично на Генчовска.

Слични содржини