Бугарското МНР не смета дека е можен референдум во С. Македонија против Договорот за добрососедство

од Nikola Popovski

На 12 септември, бугарските членови на Мешаната историска комисија според Договорот за добрососедство со Северна Македонија ги презентирале пред министерствата за образование и за надворешни работи резултатите од работата на Комисијата во областа на образованието.

Започнати се подготовките за имплементација на договорите, соопшти тамошното МНР, пренесе БНР.

„Иницијативата за референдум против Договорот со Бугарите нема да го спречи исполнувањето на обврските што ги презеде Скопје, бидејќи претседателот на македонското Собрание Талат Џафери ја отфрли како неуставна“, изјавил бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

„Од оваа гледна точка, во моментов не сметаме дека ова прашање ќе биде актуелно, бидејќи партиите Левица и ВМРО-ДПМНЕ засега само ја оспоруваат оваа одлука, но од правен аспект, таа е сосема непоколеблива и цврста“, додал тој.

Слични содржини