Бугарското МНР: Ставот за евроинтеграциите на С. Македонија останува непроменет

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи на Бугарија категорично наведува дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија останува непроменет.

-Бугарија продолжува да се придржува до рамковната позиција за проширувањето на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија од 09 октомври 2019 година, едногласно поддржани со Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година и со седницата на КСНС од 10.01.2022 година, соопшти тамошното МНР.

Од таму додаваат дека поддршката за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан останува приоритет на бугарската надворешна политика и следејќи го критериумот на сопствените заслуги на секоја земја кандидат и почитувањето на основните вредности на Унијата, вклучително и почитувањето на човековите права и почитувањето на принципот на добрососедство.

-Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска го реафирмираше ставот на Бугарија при нејзиниот разговор со шефот на германската дипломатија во рамките на Советот за надворешни работи што се одржа во Луксембург на 11 април 2022 година.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, клучно е Бугарија да постигне неповратни резултати во одржувањето добрососедски односи и добивање јасни гаранции во преговарачкиот процес на ЕУ за натамошна имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година. Очекуваме уставни гаранции за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија.

Водечки за бугарската страна се резултатите, а не обврзувачките со конкретни рокови, велат од бугарското МНР.

Слични содржини