Бугарското МНР: Уништувањето на бугарските воени гробишта во Македонија не е европска вредност

од Nikola Popovski

Бугарија придава големо значење на прашањето за зачувување на бугарското културно -историско наследство и бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија, стои во соопштението на бугарското министерство за надворешни работи, објави БГНЕС.

Од таму велат дека со години нивната земја води политика за пребарување и обнова на бугарските воени гробишта и споменици во Република Северна Македонија.

-Во најголем дел, тие се во многу тешка ситуација како резултат на конзистентната политика на дебугаризација што се водеше во минатото на територијата на денешна Република Северна Македонија.

Ние постојано апелиравме за помош до властите во Скопје, кои знаат дека ова е едно од болните прашања за Бугарија. Повиците до властите во Република Северна Македонија за помош во потрагата, реставрацијата и заштитата на бугарските воени гробишта беа упатени во едногласно усвоената Декларација на 10 -ти октомври 2019 година на 44 -то Народно собрание.

Затоа информациите за уништување на две бугарски воени гробници на територијата на Република Северна Македонија, доставени до нас од Фондацијата Македонија, се земаат многу сериозно и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија активно работи на разјаснување фактите и преземе соодветни мерки. Почитувањето на споменот на жртвите е универзално прашање и пристапот до него е знак за степенот на перцепција на европските вредности, потенцираат од тамошното МНР.

Слични содржини