Во гостување на Сител, директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова потврди дека пациентот кој беше украден од струмичката болница бил високо суспектен и ги имал сите симптоми на коронавирус. Таа најави дека ќе се прави постмортен тест.
„Ова би го дефинирала како културолошка неукост и голем срам. Тоа што утринава се случи во Струмица е за осуда. Пациентот утринава донесен е во Ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50% , што значи висока суспекција за инфекција со Ковид, но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за бриз кој би ја докажал оваа дијагноза“ – рече Сотирова Бухова за Сител.