Буквално си пиеја од крвта, а сега му го запалила писмото: Најбизарната двојка ја раскинала веридбата?

од Nikola Popovski

Актерката Меган Фокс наводно ја раскинала веридбата со раперот Машин Ган Кели, тврдат светските медиуми.

Имено, таа ги избришала сите заеднички фотографии од Инстаграм, вклучувајќи ја и онаа на која ја најавија својата веридба.

Покрај тоа, таа го отследила Кели од мрежите и го заследила раперот Еминем, а последната објава на Инстаграм предизвика многу коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

На последната фотографија јасно се гледа како Меган пали нечие писмо, а многумина наведуваат дека тоа е писмото на Кели.

„Можеш да ја почувствуваш неискреноста, таа е насекаде околу тебе“, напишала Меган на објавата.

Под фотографијата има бројни коментари на нејзините следбеници на кои не им е јасно што се случува.

„Ги избриша сите слики на Кели, а сега го заследи Еминем?!“, гласи еден од нив.

Актерката и раперот последен пат беа видени во јавноста пред неколку дена, поточно на доделувањето на Греми наградите. Кели тогаш беше номиниран за најдобар рок албум на годината, но наградата ја однесе Ози Озборн.

Посебно е шокантно што Меган по настанот јавно му се обрати на конкурентот на раперот на Инстаграм.

„Честитки што сочинувате многу мал процент од луѓе кои добиле награда во оваа категорија. На целиот проект му пристапивте зрело и одговорно и јас сум толку горда на вас“, напишала Меган, а потоа го избришала коментарот.

Многумина беа изненадени од овој нејзин потег, а уште тогаш се водеше полемика дека таа повеќе не е во емотивна врска со Машин.

Познатата актерка обелодени дека таа и Машин си пиеле од крвта за време на свршувачката во јануари минатата година.

„Значи, луѓето веројатно не замислуваат со чаши додека си ја пиеме крвта, дека сме како во „Игра на тронови“. Но, тоа е само неколку капки и е за ритуални цели. Се обидувам да го контролирам и да пуштам само неколку капки крв. Но, тој е многу побрз и похаотичен, подготвен е да си ги пресече градите со скршено стакло и да каже „земи ми ја душата“, рече тогаш Фокс.

Фото: Getty Images

Слични содржини