Бундеслигата повторно без публика

од Stefanija Kuzmanovska

Бундеслигата повторно ќе се игра без навивачи откако беше прекинато привременото враќање на гледачите на фудбалските стадиони поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во Германија.

Канцеларката Ангела Меркел и гувернерите на 16 земји усвоија нови ограничувања во обид да се запре ширењето на вирусот.

„Мораме да дејствуваме сега“, рече Меркел, објаснувајќи ја одлуката за затворање на барови, ресторани, културни и спортски институции за еден месец од понеделник.

Професионалните фудбалски натпревари ќе се играат без навивачи од понеделник до крајот на ноември, додека аматерските спортови се целосно прекинати со исклучоци на индивидуален тренинг.

Натпреварите во Бундеслигата се играа пред ограничен број или без навивачи од почетокот на новата сезона, а клубовите се придржуваа до локалните ограничувања засновани на стапката на инфекција.

Борусија Менхенгладбах и Шалке претходно најавија дека нивните натпревари викендов ќе се играат пред празни трибини, исто како и вечерашниот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Зенит во Лигата на шампионите.

Германската агенција за контрола на болести претходно објави рекордни 14.964 новозарзени со коронавирус во претходните 24 часа.

Беа забележани уште 27 смртни случаи поврзани со Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 10.098.

Слични содржини