Бундестагот пренасочува милијарди евра за борба против пандемијата кон зелени проекти

од Milan1

Германскиот Бундестаг одлучи да пренасочи милијарди евра во буџетот одобрен лани како заеми за пандемијата, но кои не мораа да се користат, јави ДПА. Наместо тоа, средствата ќе се пренасочат на инвестирање во јаглеродна неутралност и дигитализација, според ребалансот на буџетот за 2021 година, претставен од министерот за финансии Кристијан Линднер.

Тој потег предвидува неискористените заеми во вредност од 60 милијарди евра да бидат ставени во посебен фонд за клима и трансформација за користење во наредните години. Опозицијата го нарече потегот уставно сомнителен бидејќи парите одобрени за борба против пандемијата ќе се користат за заштита на климата и други проекти наместо тоа. Демохристијаните почнаа правна постапка.

Министерството за финансии тврди дека пандемијата направи многу инвестиции во заштитата на климата невозможни, и треба да се надоместат.

Слични содржини