„Бункер каде редовно паѓа снег“: Захарова се огласи по повод изјава на Зеленска

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, ја коментираше изјавата на сопругата на украинскиот претседател, Олена Зеленска, за зимскиот „тест“ за жителите на земјата.

Според Зеленска, зимата е „уште еден тест“ за Украинците доколку нема греење во нивните домови.

Истовремено, таа посочи дека повеќе од 90 отсто од анкетираните жители на земјата „се подготвени да го издржат тоа две, три години“, доколку ја видат перспективата за членство на Украина во ЕУ.

„Истражувањето очигледно е спроведено во бункер каде редовно паѓа снег“, напиша Захарова.

Слични содржини