Бунт во Јунајтед – играчите бараат Роналдо да си замине

од Vladimir Zorba

Атмосферата во таборот на Манчестер Јунајтед на стартот од сезоната не е идеална.

Особено по враќањето на Кристијано Роналдо во тимот и поразот на стартот од сезоната во Премиер лигата, дома од Брајтон (1:2).

Како што пренесуваат островските медиуми, се чини дека поголема група играчи е незадоволна од ситуацијата и од тоа што Кристијано Роналдо е главниот фокус.

Португалецот сака да го напушти клубот ова лето, пропушти огромен дел од подготовките и неговото враќање во Карингтон ја наруши добрата атмосфера, што беше забележливо по првите недели од работата на новиот менаџер Ерик тен Хаг.

Иако Роналдо има свои сојузници меѓу соиграчите, во соблекувалната преовладува мислењето дека за сите би било најдобро ако го напушти клубот

Сето ова станува многу вознемирувачко за многу играчи. Тој има свои сојузници во таборот, но на многумина им е преку глава од се и како се однесува во сето ова“, изјави изворот на „Сан“.

Роналдо пред 12 месеци по вторпат пристигна на „Олд Трафорд“ и минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 24 гола.

Бидејќи тимот не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите, тој верува дека управата ќе му дозволи да си замине, иако тие инсистираат дека засега не е на продажба.

Слични содржини