Бунтовниците во Јужен Судан не ја прифатија владината мировна понуда

од Stefanija Kuzmanovska

Бунтовниците во Јужен Судан денеска ја одбија владината мировна понуда, за ставање крај на шестгодишната војна, во која загинаа 380.000 луѓе.

Претседателот на Јужен Судан, Салва Кир предложи сегашните 32 регионални држави да ги намали на изворни 10, што беше клучно барање на бунтовниците, за во иднина да разговараат за единствена влада.

Но, Кир во тие десет држави ги вклучи и трите „административни подрачја“ – Пибор, Рувенг и Абјеи, што за лидерот на бунтовниците Реик Мачар е неприфатливо.

Кир и Мачар, кои живеат во егзил, се под голем меѓународен притисок да ги надминат недоразбирањата до 22 февруари, што е краен рок за постигнување на договор.

Бројот на држави е спорен бидејќи границите ќе ја определат поделбата на моќ во државата. Кога Јужен Судан во 2011 година прогласи независност од Судан имаше 10 држави, како што е предвидено со Уставот. Но, Кир во 20156 година го зголеми бројот на држави на 28, а потоа на 32, а сега ги намали на 10, плус три подрачја. Од трите најспорно е подрачјето богато со нафта – Рувенг.

Јужен Судан е една од најбогатите земји со нафта.

Слични содржини