Бунтовниците во Конго соборија хеликоптер на ОН во кој се наоѓал српски државјанин

од Nikola Popovski

Бунтовниците во Демократска Република Конго соборија хеликоптер на мировната мисија на Обединетите нации, во која имало српски државјанин и висок руски функционер.

Како што дознава Ројтерс од армијата на Конго, во хеликоптерот имало најмалку осум лица.

Стефан Дижарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, изјави дека „Обединетите нации ги проверуваат деталите за инцидентот со хеликоптерот на нивната мисија на ОН во Демократска Република Конго, кој исчезна во таа земја“.

-Во хеликоптерот загинал висок руски функционер, јавува руската новинска агенција ТАСС.

„Потполковникот Алексеј Мизура почина на должност во мисијата на ОН“, соопштил портпаролот на руската амбасада во Конго.

Слични содржини