Бурни реакции на политичкиот коментар на новинарот на МРТВ (ФОТО+ВИДЕО)

По синоќешниот историски дуел на македонската фудбалска репрезнетација против Грузија и изборениот пласман на големото Европско натпреварување, она што предизвика бурни реакции кај македонската јавност беше коментарот на новинарот на јавниот сервис, МТВ, Тони Стојановски, кој наиде на дел одобрување, но и дел негодување.

Во рамки на неговата радост за пласманот на фудбалерите, тој порача:

„Радувај се Македонијо! Еве ги фудбалерите на големата сцена. Македонија оди на Европско првенство! Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве не во Европа! Еве не таму, меѓу сите! тие што ги описменивме, ќе не дочекаат наредниуот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација, ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите, православни Христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ја водат. И едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: „Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е! Оваа Македонија ќе живее, ќе живее уште!“

 

Во рамки на ваквиот коментар, кој јавноста го оцени како политички, следеа реакции на социјалните мрежи, каде тој предизвика гнев и бес, но и восхит.

Погледнете во продолжение:

 

„Уживај Македонија: Урнебесна одјава од мечот на македонскиот коментатор“ „Македонскиот коментатор во делириум“ се дел од насловите во регионалните медиуми со кои се величи нашиот коментатор.

„На натпреваров кажа многу повеќе од сите политичари “патриоти” заедно. Како на фудбалерите, така и тебе капа ти симнувам, ТОНИ СТОЈАНОВСКИ“

„Имате време да го научите говорот напамет до 2021“, се дел од коментарите кои се појавија на социјалните мрежи.

Слични содржини