Буш: Синоќа САД личеше на „банана држава“

од Nikola Popovski

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш издаде изјава за осуда на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата во Капитол Хил, во средата, нарекувајќи го „мачен“ чин кој „го крши срцето“, објавија американските медиуми.

„Вака се оспоруваат изборните резултати во „банана држава“, а не во нашата демократска земја – посочи тој.

„Јас сум згрозен од несовесното однесување на некои политички лидери од изборите и недостатокот на почит кон нашите институции, нашите традиции и нашето спроведување на законот, што може да се види денес“, рече Буш во изјавата не споменувајќи го Трамп по име, но јасно повикувајќи се на него и другите републикански функционери, пренесува Си-Ен-Ен.

Според поранешниот американски претседател, нападот врз Капитол Хил бил инициран од „луѓе чии страсти биле разгорени од невистина и лажни надежи“.

„Бунт може да ѝ нанесе голема штета на нашата нација и углед“, рече тој.

Слични содржини