Бушљетиќ: Се плашам колкава ќе биде граѓанската послушност за Велигден, пикот на коронавирусот се очекува во почетокот на мај

од Viktor Jovanov

Ова не е на крај на пандемијата, ние сме на почетокот. Пикот на коронавирусот се очекува да биде на почетокот на мај. Се плашам колкава ќе биде граѓанската послушност за Велигден. За да се следи традицијата, не мора да се оди во црква. Нема да бидам помал верник доколку тоа го испочитувам од дома. Се наоѓаме во вонредна ситуација, црквената средина треба сериозно и активно да се вклучи во ова и следење на препораките, изјави Камелија Бушљетиќ, доктор специјалист по пулмологија.

-Нашата традиција нема да згасне ако ги правиме обичаите дома. Треба да го преживееме овој период за да може до година во црквените објекти да го следиме Велигден. Оваа година треба да бидете со најблиските и да останете дома, вели Бушљетиќ.

Слични содржини