Бутарис: Заев е повеќе одговорен во спроведувањето на Преспанскиот договор отколку грчката влада

од Nikola Popovski

Поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис информира дека многумина во Грција не го сакаат Преспанскиот договор, но тој е факт.

-Работите се многу подобри отколку што беа. Луѓето се повеќе среќни што се реши овој проблем. Нашите народи се поблиски отколку порано. Многу ваши граѓани ја преминуваат границата и доаѓаат кај нас на одмор, вели Бутарис во интервју за ТВ Сител.

Според него, името ФИРОМ повеќе не постои и во Грција тоа не се спомнува.

-Само некои го користат Скопје. Сметам дека сите знаци и улици во двете земји мора да се сменат, согласно Договорот. Сепак мислам дека премиерот Заев е многу повеќе одговорен во спроведувањето на Преспанскиот договор отколку грчката влада. Таа не посвети доволно внимание на тоа колку е сериозно спроведувањето, наведе Бутарис.

Слични содржини