Бузаку: Ова е режија на Сулејман Реџепи за да го прикрие криминалот

од Aleksandar Petrovski

Скендер Бузаку, кој од лани е во институционална битка за преземање на челната позиција во ИВЗ смета дека во одлуката за разрешување на поглаварот е вмешана политиката, но дека се е во лична режија на Сулејман Реџепи, кој, според него, за само неколку месеци ќе се врати на функцијата.

-Овие што наводно го сменија се со него. Целта е да се заштитат и да го прикријат сторениот криминал. Тие треба да дадат отчет бидејќи со децении го премолчуваат и поддржуваат уништувањето на ИВЗ. Сите тие треба да поднесат оставка поради колапсот до кој ја донесоа институцијата, вели Бузаку во изјава за порталб.мк.

Тој го спори и неговиот наследник односно одлуката за избор на гостиварскиот муфтија Шаќир Ефенди Фетаху бидејќи токму Бузаку води судски спор за позицијата.

Слични содржини