BYD го револуционизира пазарот на батерии за електрични возила

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Кинеската компанија BYD го најави почетокот на производството на новата генерација батерии за електрични возила следната година.

Новата генерација на литиумско-железо-фосфатна Blade Battery батерија (LiFePo, LFP) ќе биде значително поекономична во однос на зафаќањето простор во возилото, со гарантиран подолг опсег помеѓу две полнења и подолг работен век, стои во соопштението на BYD.

Blade Battery исто така ќе биде побезбедна во однос на опасностите од пожар, изјави извршниот директор и основач на BYD, Ванг Чуанфу за време на промоцијата.

Компанијата ја претстави првата генерација на батерии LFP во март 2020 година и сега ги користи во целата палета на своите возила.

Но, во изминатите неколку години не ги модернизираше, што го користеа други производители како што е кинескиот CATL, потсетува SEEbiz.

Како што се наведува во соопштението, BYD се фокусира на развој на систем за управување со животниот век на батеријата, кој по употребата во возилата би можел да се користи и за складирање на енергија.

За ова за специјализираниот кинески портал CGTN зборуваше директорот на европскиот оддел за продажба на автомобили, Као Шуанг.

Слични содржини